Согласно доставените извештаи од центрите за јавно здравје, во 2017 година биле испратени вкупно 40505 покани, што претставува зголемување во однос на претходната година кога биле доставени 35882 покани. Од нив, 33983 биле на возраст од 46-60 години (83,9%), додека 6522 (16,1%) биле на возраст од 36-45 години. Процентот нa жени кои примиле покана од вкупно поканетите, во сите центри за јавно
здравје изнесува 85,5%, што претставува незначително зголемување во однос на претходната година, кога биле регистрирани 83,4%. Вкупниот број жени кои примиле покани изнесува 34613, додека 15047 од нив не се јавиле на преглед што претставува огромни 43,5% (29,7% во 2016 година и 34,6% во 2015 година).

Според податоците на центрите за јавно здравје, во 2017 година биле цитолошки анализирани 31262 брисеви што претставува намалување од 17% во однос на претходната година од кога биле регистрирани вкупно 37589 брисеви. Сепак, во 2017 година се бележи пад во однос на процентот на жени кај кој се откриени клеточнабнормалности во споредба со минатата година. Имено во 2017 година се откриени 11,9% клеточни абнормалности, додека во 2016 година 14,9%. Кај возрасната група од 36-45 години, биле цитолошки анализирани 4548 брисеви. Од нив кај 1765 биле откриени клеточни абнормалности (38,8%), што претставува доста висок процент. Кај возрасната група од 46-60 години, биле цитолошки анализирани 26714 брисеви. Од нив кај 1964 биле откриени клеточни абнормалности (7,4%). Може да се заклучи дека кај возрасната група 46-60 години процентот на откриени клеточни абнормалности е значително помал во однос на оној кај возрасната група 36- 45 години.