Нема кој да ги боцка децата за вакцини бидејќи лекарите бегаат во странство. Од поликлиниката Јане Сандански педијатарка заминала за Германија и само една лекарка е задолжена за имунизацијата на најмладите. Родителите се револтирани, но никој не ги слуша. – Јас без со моето мало бебе кое требаше да ја прими првата вакцина. не пикнаа внатре две мајки со бебиња и едно поголемо и се на еднаш. Докторката ни вика, што да правам, сама сум, не можат поинаку да постигнам, револтирано реагира една мајка на едномесечно бебе.

Од Здравствен дом Скопје велат дека за пунктовите за имунизација како и превентивните стоматолошки тимови им се потребни 30 вработувања и тоа 15 лекари и 15 медицински сестри. Тоа барање уште пред три месеци го доставиле до Министерството за здравство. Филипче денеска изјави дека знае за сериозниот проблем со превентивните тимови и бараат решение. – До наредната недела треба да ја добиеме бројката и ќе имаме стратегија за прием на нови доктори. Секаде се потребни вработувања, вели Венко Филипче, министер за здравство.