Најранливата група на пациенти во Клиничката болница во Битола, болните со малигни заболувања  останаа без неопходната хемотерапија. На ова регираат од Лигата за борба против ракот, кои упатија петиција до Клиничката болница и до министерот за здравство.

– Констатиравме дека пациентите често се упатуваат самите да си ги набавуваат лековите. Овие лекови се многу скапи и оние пациенти што имаат финансиска можност ги набавуваат лековите, а потоа се малтретираат и ги рефундираат средствата преку Фондот. Меѓутоа, голем број на пациенти кои не се во финансиска можност да ги обезбедат лековите, чекаат по неколку месеци и се загрозува нивното здравје, а исто така, бројот на смртните случаи се зголемува- рече Стојан Стојановски, претседател на Лигата за борба против ракот во Битола.

– Од планираната терапија се сто ампули кои ни требаат сега и ние тој проблем го решаваме со ургентна набавка. Од утре ќе ја добиеме позајмицата од Скопје, што е можно најбргу.

Од Лигата реагираат и на квалитетот на лековите што се набавуваат по принцип на “најефтина понуда“.

– Ситуацијата во битолскиот регион со малигните заболувања е хаотична. Се зголемува од ден на ден и имам впечаток дека некој во битола како да си игра мајтап со болните од рак- вели првиот човек на Лигата.- Лекот карактеристичен за таа болест погодено кај пациентите, штом се јави некој поефтин лек го менуваат и така, додека се навикнат на тој лек, пациентите умираат вели васко Николовски, член на Лигата.

Покрај овој проблем што настана со дефицитот на терапија, болните од рак од овој регион  се изложени на трошоци и малтретирање за зрачна терапија и мораат да патуваат во Државните клиники во Скопје , а се очекува во Битола да проработи акцелераторот. Црните статистики велат дека во Битола пред десеттина години имало над 400 заболени од рак, од кои по еден случај неделно бил тумор на дојка. Во 2016 година, од 382 починати лица од малигни заболувања во овој Регион, околу двесте биле само во Битола.

Каде се лекарствата прашуваат граѓаните, прашањата ги упатуваат до ФЗОМ и директорот Ден, тој наместо да се грижи да го смени името поубаво би му било да се грижи за граѓаните да добијат поквалитетни лекови и навремена терапија. Во целата оваа приказна прашања се упатуваат и до министерот за здравство, до кога пациентите ќе чекаат терапија да добијат и по неколку месеци а министерството при тоа нема ништо да превземе.

Како спиете навечер министре и директоре на ФЗОМ, повеќе од очигледно е на туѓ грб ни 100 стапа ништо не се?