Можеби нема тунел, ама тоа не е причина за да не се прослави!

Ќе бидете изненадени дека можеби нема да има изненадувачко оро и музика при пуштањето во употреба на новата камера на Патофизиологија, на медицинскиот факултет, но тоа нека не ве чуди, министерот може ќе си заигра малку во кабинетот, малку ќе тупотне со ногата кога ќе биде на отварањето, ама тој сигурно нема ништо направено за да се обезбеди камерата или е тоа претходната власт или некој друг тој нема никаква врска со тоа, таков е тој наш министер Венко Филипче, министер за здравство, неупатен, незаинтересиран, полн со ветувања, нула реализација, министер кој здравството го донесе во хаос без него, сето ова не ќе беше остварливо.

Во просториите на Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина „Академик Исак С. Таџер“ при УКИМ – Медицински факултет денеска ќе биде отворен реновираниот Оддел за хибридна конвенционална нуклеарно медицинска дијагностика и ќе биде пуштена новата SPECT/CT гама камера.

Одделот е реновиран од Медицинскиот факултет, а новата хибридна гама камера е обезбедена од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

На отворањето на реновираниот Оддел му претходеше дводневен симпозиум „Хибридни нуклеарно медицински техники во онкологијата и инфективни состојби“, организиран од МААЕ и Здружението за нуклеарна медицина на Македонија.