Апел од Прилеп: Здравството никогаш не било во покатастрофална состојба како сега, власта и министерот не мислат на народот!

Една година помина од владеењето на оваа власт. За жал, граѓаните не само што не го почувствуваа доаѓањето на животот кој во предизборната кампања им беше ветуван, туку истите на…

Една година помина од владеењето на оваа власт. За жал, граѓаните не само што не го почувствуваа доаѓањето на животот кој во предизборната кампања им беше ветуван, туку истите на свој грб секојдневно ги чувствуваат погубните политики во сите области, истакна Петар Ристески, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

-Здравството никогаш не било во покатастрофална состојба. И наместо владата предводена од СДСМ на чело со министерот Филипче да сработи нешто корисно, истата презема фатални експерименти на штета на народот. Нема вработувања на лекари, нема специјализации, нема плата од 100.000 денари за лекарите специјалисти. За жал, ниту Прилеп и прилепчани, нема да бидат поштедени од лошите политики. Министерот Филипче го остава Прилеп без биохемиска лабораторија после цели 50 години.

Со најновата мерка за централизирање на лабораториите Прилеп останува без лабораторија за неопходните испитувања на крвта. За иронијата да биде поголема, околу 130.000 граѓани, жители од нашиот град и околните места и околните општини, нема да може да извршуваат испитувања на крвта во Прилеп како досега. Истите ќе бидат принудени да патуваат до лабораториите во Битола, а вработениот кадар од лабораториите во болницата и здравствениот дом, 53 на број најверојатно ќе биде оставен на немилост. Се поставува прашањето дали тие ќе бидат прераспределени во друг град или ќе останат технолошки вишок?, прашува Ристески.

Тој додава дека ова е типичен пример на уназадување на здравствениот систем.

Со кој образ министерот изјави дека ќе ги фрли биохемиските апарати кои биле обезбедени од претходната власт? Зарем е лошо да се набавуваат апарати за здравствените установи? За жал владата предводена од СДСМ, засега не набави ниту една пинцета камоли опрема, за здравствените установи во Прилеп.

-Според Филипче и СДСМ очигледно набавката на нова опрема не е реформа и приоритет. За Филипче и СДСМ приоритет е само деструкцијата и уништувањето на се што е претходно инвестирано. Граѓаните заслужуваат подобрување на здравствените услуги, наместо празни погубни проекти кои ќе го уназадуваат здравството!, вели Ристески.


Related Articles