Од министерството за труд и социјална политика го објавија Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација. Со овој текст на Законот, се очекува да се обезбеди поефикасна заштита од дискриминација при имплементацијата на Законот.

Во новиот текст на Законот се прошируваат основите за дискриминација, се менува и подобро се дефинира поимникот и дефиницијата за дискриминација, се професионализира Комисијата за заштита од дискриминација и се менуваат називот и надлежноста на комисијата во Комисија за спречување и заштита од дискриминација, која ќе треба да работи и на превенцијата освен на заштитата.

Се досредуваат надлежностите на комисијата, начинот на избор и условите за избор на членови. Се воведува одредба за користење на нови докази во судските постапки и actio popularis,  како и се предвидува и ослободување од судски трошоци во судските постапки.

Предлог законот може да го погледнете на следниот линк: https://ener.gov.mk/default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=BcRtIYGdPJnoq/uSJRJMlg==