Ќе оди ли во стечај компанијата Веибо груп констракшн? Основниот суд Скопје два поведе претходна постапка за испитување на условите за отворање на стечајна постапка.

Рочиштето на кое треба да има изјаснување за предлогот за отворање на стечајна постапка е закажано за шести јули годинава, а за привремен стечаен управник е назначен Младен Веселинов.

Се задолжува привремениот стечаен управник да го заштити имотот на должникот со сите соодветни средства, со цел да се избегне значително намалување на имотот и да испита дали должникот има имот над кој може да се отвори и е доволен за спроведување на стечајната постапка и намирување на трошоците на стечајната постапка и побарувањата на доверителите.

Се одредува општа забрана за располагање со имотот на должникот. Се забранува одредување или спроведување на присилно извршување или обезбедување против должникот и се забранува исплати од сметките на должникот.