Македонската економија стагнира, а за тоа директно одговорни се штетните политики на власта и премиерот Зоран Заев. Наспроти розевата слика која сакаат да ја престават во јавноста, макроекономските показатели ја соголуваат и прикажуваат реалноста, а граѓаните тоа го чувствуваат на своја кожа, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

  • Го слушам Зоран Заев како гордо им кажува на граѓаните да не се плашат ќе го наполни буџетот и ќе обезбеди 3,2% раст, а токму денес излезе податокот за растот на БДП во првиот квартал и тој е еднаков на 0,1%. Имајќи ги предвид капацитетите и нивната креативна моќ за лажење и ова 0,1% не е за верување, можеби бил негативен па морале да го штелуваат, истакна Мицкоски.

Мицкоски предупредува дека власта е лицемерна. Се фали со бројките за наплата на ДДВ-то и персоналецот што доминантно се должи на странските инвеститори кои ги донесе токму ВМРО ДПМНЕ. Во случајов, „Џонсон Мети“ која годинава откако им заврши 10 годишниот договор за повластени даночни стапки уплатила над 30 милиони евра, пари кои ќе помогнат граѓаните да земаат плати и пензии.

  • Сите се сеќаваме како Заев и таа армадила неспособници околу него така силно ги напаѓаа странските инвестиции. Сега е јасно дека зошто. Во странските компании се напредува по мерит систем секој оној кој што вреди, ќе даде максимум, кој што поседува знаење и техники ќе напредува. Тоа на Евро Заев му е непозната равенка, тој е навикнат на тендери, на хектари земјишта, на плантажи со марихуана и камионите од неговата семејна фирма, нагласи Мицкоски.

Мицкоски презентираше и мерки кои ќе бидат дел од новата програма на ВМРО-ДПМНЕ веднаш штом ќе дојдат на власт. Најави даночно олеснување од нула до 100% за сите економски оператори кои ќе вложат во обнова на технолошкиот парк и ќе обезбедат нови вработувања.

Потоа 500 сигурни вработувања на дипломираните студенти, а за еден 4 годишен мандат 50% раст на платата на образовните работници и 40% зголемување на пензиите. Рече дека и здравствениот систем ќе претрпи сериозни реформи.