Во земјава во последните шест месеци се изреализирани 1.000 вработувања од кои најголемиот дел се доктори, посочи денес министерот за здравство Венко Филипче при посетата на велешката болница.
Тој најави дека и од крајот на овој месец ќе почнат првите специјализации, а поголема бројка доктори ќе почнат со специјализации од септември при тоа посочувајќи дека досега недостигот на специјалисти е резултат на лошото планирање на прием на кадри. Се признава дека министерот и луѓето во министерството не се вични во менаџирање и планирање на приемот на кадри како и каде колку недостасува, што недостасува, освен тоа и начинот на кој би се задржале кадрите кои веќе се ангажирани тука да останат. Се нема идеја како!

– Ни требаше одредено време за да ја направиме точната проекција од која специјалност и која установа во државата ќе се упатат млади доктори на специјализација. Притоа и кога ќе почнат со специјализација треба да поминат четири–пет години тие доктори доволно да се обучат за да работат во одредена специјалност. Во одредени специјалности таа едукација не е доволна и потребна е работа на овие лекари со пациенти под менторство на постари колеги,за младите доктори да се стекнат со искуство во својата струка- рече Филипче.

За недостигот на специјалисти во болниците во внатрешноста на државата, министерот рече дека се надополнуваат со доктори од Скопје или од другите градови.

Министерот во однос на инвестициите во здравството рече дека се разгледуваат можностите да се аплицира за повеќе европски проекти кои нудат поддршка за подобрување на инфраструктурата на јавните здравствени установи во смисла на енергетски ефикасни објекти.

Најави дека при крајот на месецов со Банката на Советот на Европа ќе се разговара за можноста за кредитирање, не ’само за градба на новиот Клинички центар, туку и за реконструкција на сите јавно здраствени установи во земјава, за кои, како што рече, сметаме дека треба да се реконструираат, а тука пред се мислиме на регионалните болници.

Тука може да се потенцира дека министерот започна повторно со тактиката на ветување и сега нема, во моментов нема реализација ама бидете трпеливи, еве министерот ветува дека од септември ќе биде…Едноставно начинот на функционирање на целата влада е во состојба на „ќе биде“, па токму поради тоа најверојатно и министерот ги превзема тие начини на функционирање и таа политика и така функционира, што едноставно како што покажува времето е „одличен систем“ и нештата од нефункционирање преминуваат во хаос. Вистински избор и на владата и на министерот!

На прашање кога ќе биде ставен во функција томографот во велешката Општа болница, министерот рече дека ќе биде ставен наскоро во функција. – Станува збор за компјутерска томографија којашто има проблем со радиографската цевка и ние сме во процедура со којашто помагаме со финансиски средства на болницата ова да се среди, информира министерот Филипче.

Граѓаните нема потреба да се секираат од Велес, во велешката општа болница томографот само што не започнал со работа „ќе биде“, наскоро ќе биде во функција и таму сме, не дека е ова уште едно од ветувањата на министерот Филипче, едноставно нештата така сега функционираат во здравството откако дојде новиот министер. Неможе одма и веднаш, пациентите нека најдат во себе малку разбирање и нека почекаат. Граѓаните апелираат пациентите да се навикнат тоа е капацитот на системот и структурите.

Освен тоа, кога станува збор за вработувања со кои се фали министерот, во правењето на анкети од граѓаните се слуша, докторите се вработени со договори на дело освен тие што се партиски, платите на докторите се „резил“ ниеден доктор не доаѓа мотивиран на работа, сето тоа е колку да се замачкаат очите на јавноста еве ние сме донеле персонал, кадар. Колку тој кадар е стручен, колку време треба за да тој биде целосно подготвен да одговори на потребите на пациентите  и дали тоа значи дека сега македонските пациенти ќе бидат заморчиња на политиката на водење на клиниките на новиот министер и ќе бидат тест субјекти на кои „новопечените доктори“ треба да се учат и да се научат како и што треба да прават?

Што ако при тоа се изгубат човечки животи дали министерот ќе сноси некаква одговорност, поради немање начин и средства да ги мотивира докторите кои ги ангажирал да дадат се од себе и второ поради тоа што ангажирал луѓе кои во моментот не се доволно кадри и не поседуваат доволно знаење за да може да одговорат на позицијата „доктор“, каде да се бара во вакви „не дај боже “ситуации одговорност, дали министерот прифаќа тој да биде одговорен за ангажираните кадри додека не станат вистински доктори – прашуваат македонските пациенти со кои разговаравме денес?

Министерско ветување број 3145-то!