Екипата на ЗДРАВСТВО.МК, во текот на вчерашниот ден ја посети Гинеколошко акушерската клиника (ГАК) во Скопје, направивме анкета и го слушнавме мислењето на граѓаните, за прашањето поврзано со починатите 35 новороденчиња во првото тромесечје на 2018 година.

Поголемиот дел од граѓаните беа резервирани, немаат друг избор, едноставно се ставени пред свршен чин и секако ќе ја одберат ГАК доколку се наоѓаат во ситуација, нивната снаа, ќерка или доколку тие самите како припаднички на понежниот пол се трудни и пред породување. Постојат сомневања дека одредена одговорност има и кај докторите, неколку од граѓаните го посочија тоа и се зачудија како никој не побарал одговорност, ниту пак тоа како случај дали воопшто се размотрува под лупа да се дојде до одговорот дали има вина, кој е виновен и доколку се пронајде виновникот да се превземат мерки, санкции кон истиот.

Неофицијално и несакајќи да говорат пред нашата камера неколку граѓани изразија жалење за починатите новороденчиња, но воедно и посочија дека можеби вината лежи во министерството за здравство, кое недоволно ги мотивира и финансиски се грижи за докторите кои работат на ГАК, за тие при секоја бременост и при секое породување да го дадат максимумот. Посочено беше неофицијално дека за целата работа, вклучувајќи го ноќниот труд, дежурствата и породувањата докторите едвај успеваат да земат нешто повеќе од 600-тини евра и дека тоа е генерално мотивот и начинот на кој тие го гледаат тоа, водејќи се од народната поговорка „Колку пари, толку музика“. Но, при тоа мора да се напомене дека како и секаде така и тука има исклучоци и секоја чест на нив.

Екипата на ЗДРАВСТВО.МК не сака и нема намера да ги стави во ист кош сите доктори кои работат на ГАК, туку едноставно тие што во моментот биле присутни кога имало некој од овие 35 случаеви со новороденчињата, токму тие доктори да се запрашаат дали во тој момент го дале максимумот, бидејќи на крајот од денот пак се тоа „наши дечиња“.

Во продолжение може да ја погледнете и анкетата која што екипата на ЗДРАВСТВО.МК ја направи. Побаравме да имаме и официјална изјава и од директорката на ГАК, Викторија Јовановска, но не сакаше да ни даде изјава, во моментот беше зафатена, после половина час кога ни беше посочено да се вратиме за изјавата беше излезена од кабинетот. Портпаролот на ГАК, во 12 часот напладне сеуште не беше на работното место и неможе ниту да ни даде изјава ниту подоцна да ја исконтактира редакцијата за да можеме да договориме термин и добиеме изјава. Поради тоа се извинуваме на сите наши читатели што ја имаме само страната на граѓаните и нивното мислење немаме официјално одговор од ГАК бидејќи одговорните таму сметаа дека не го заслужуваме.