Причина за заминувањето на лекарите од Македонија не е само платата, туку и тоа што лекарите не се вреднуваат според заслуга или според работата со пациентите туку по политичка основа или по тоа што се синови или ќерки на професори, истакна една специјализантка по медицина на денешната трибина на која присуствуваа премиерот Зоран Заев и министерот за здравство прашувајќи како новата Владата планира да го смени овој систем којшто со години функционира во земјата.

Специјализантите изразија незадоволство и од начинот и нивото на пренесување на знаењата од страна на нивните ментори, а оние од општа хирургија се пожалија и дека малку имаат практична работа. Петмина веќе обучени хирурзи работат на несоодветни работни места во Ургетниот центар.

Премиерот Заев кажа дека мора да постојат системски законски решенија во здравството, кои нема да зависат од поединци.

Заев потенцира дека исто така одговорност мора да има насекаде.

– Македонија е една поголема фирма. Ќе се организираме сигурно подобро, ако бидеме гласни и отворено зборуваме, рече Заев.

Министерството за здравство денеска ја организираше трибината на тема „Инвестираме во младите лекари, иднината на здравството во Македонија“, чија цел беше да се слушнат ставовите на специјализантите и да се спречи се поголемиот одлив на лекари надвор од Македонија, но и на друг медицински персонал. Заев и Филипче на трибината ги посочија напорите што Владата и Министерството ги прават за да ги задржат овие кадри во Македонија, но исто така слушнаа и низа ставови и сугестии од специјализантите.

Мора да ги мотивираме, кажа тој, веќе искусните специјалисти да го споделат знаењето со помладите.

– Ништо не е добро ако се однесе со себе во пензија, дај да пренесеме колку што може повеќе оти и тој, и неговото семејство, сите ние сме потенцијални пациенти, рече премиерот.

Најави насочување на, како што кажа, сериозни алокации на ресурси кон здравството.

Исто како и неговиот пулен во министерството за здравство, Филипче така и премиерот, започнаа денес на трибината да ветуваа, па ветува ли да ветуваа, ЌЕ подобриме, треба да останете, пациентите нека се стрпат сега ЌЕ биде, промените ЌЕ се случат, ЌЕ се пренасочат, сега тие што конкурирале Јануари ЌЕ почнат да земаат, до крајот на мандатот 100 илјади денари плата за докторите, првично беше ветување само да се дојде и веднаш докторите ЌЕ добијат повисоки плати сега е до крајот на мандатот, поднесен, донесен одржив систем за здравствена заштита, како ова има уште многу, многу ветувања, ЌЕ има специјализации, како и ветувања од трет степен, ЌЕ има вработувања, 1000 имало до сега, а никој не ги видел не ги осетил!

Но, реално запрашајте се дали видовте подобрување, дали има доволно персонал по болниците, клиниките, дали не се чека со мој термин повеќе од 2 (два) часа, дали последниот период кога сте отишле на лекар не било почекај не може да се влезе во системот не ме вклучува, па да чекате за упат или за рецепти цело едно попладне, дали се променија 5 дена земање лекови со рецепти и цел месец купување на лековите приватно, дали се смени однесувањето на докторите и медицинскиот персонал, дрски и неуслужливи, секоја чест на исклучоци, дали не ги лечеа пациентите со лекови со поминат рок и кој одговараше пак никој, дали не ги препакуваа лековите, дали не распишаа тендер со над 30 милиони евра за набавка на реагенси за лабораториите сами ќе го прават тоа, министерот сам можел, зошто? Сигурно не е за доброто на пациентите, колку од тие 30 милиони евра ќе паднат како провизија, кажете на јавноста министре, прашуваат?.

Епа, драги читатели кога на сите овие работи ќе се одговори позитивно и нема да има при тоа ниту една реализација на една работа туку само се продолжуваат работите и системите кои ги дефинирала и пуштила во работа претходната власт, во тој случај ниту премиерот, Зоран Заев ниту министерот, Филипче не може да наведуваат дека нешто е сработено за македонските пациенти во нивното време додека им траел мандатот, бидејќи пациентите како што се оставени сега на милост и немилост така се и докторите и медицинскиот персонал и сестрите освен ако не се од нивниот табор, а тоа е за запрепастување. Поради тоа никој не може да каже дека сега ќе имаме подобрување, па ако е така што имавме до сега привидно подобрување или сон за еден подобрен живот.

Затоа прочитајте што изјавиле на оваа трибина и премиерот и министерот ама земете го со резерва бидејќи од тоа што ќе го наведат само 0,01 % а може и помалку ќе изреализираат!!!

Од министрите за здравство и за финансии, кој ги определил 180-те милиони денари годишно потребни за платата за општ лекар специјалист, да се изнајдат пари и за оние две групи специјализанти кои не добиле плата поради тоа што се воделе како вработени и им бил плаќани придонеси.

До 2020 година платата на специјалистите во Македонија, според премиерот треба да биде 100.000 денари. Веќе се зголемени се средствата за дежурствата на медицинските лица.

– Владата донесе Предлог-програма за едукација на лекари и медицински персонал и за кофинансирање на специјализантите односно субпецијализациите на здравствените работници вработени во приватните здравствени установи за 2019 година, рече Заев додавајќи дека од 2017 до 2020 година со низа мерки Владата гарантира дека создаде достапен, квалитетен и долгорочно финансиски одржлив систем за здравствена заштита.

Од овој месец плата ќе земаат и оние кои се пријавиле на конкурсот во јануари оваа година. Дополнително за да го зголеми бројот на специјалисти во државното здравство ќе воведеме специјализации за најдобрите десет студенти, во секоја генерација и ќе се зголемат квотите за специјализации. Предност ќе имаат дефицитарните специјализации, рече премиерот. Се подготвува и план за вработување на докотори според потребите во земјата.

– Нашите првични анализи од терен покажуваат дека само во Скопје недостигаат над 100 доктори, а во целата земја бројката е тројно поголема, рече Заев.

Посочи на изградбата на новиот клинички центар, каде ќе има подобри услови за работа.

Само празни ветувања, веќе година ипол слуша македонскиот пациент, кога ќе престанете да ветувате и ќе се фатите за работа – јавноста прашува?