Според новото истражување спроведено од Лондонската Школа за економија, причина за несреќата кај луѓето се распаднатите врски и физички,но и ментални заболувања, а не парите.

Резултатите од ова истражување покажуваат дека намалувањето на нервозата и депресијата може да придонесе за повеќе среќа во животот, отколку заработката на повеќе пари. Според Лорд Ричард Лејард кој е лидер на истражувачкиот тим, во последните 50 години луѓето се многу понесреќни од порано, иако тие заработуваат повеќе.

Според ова истражување, владите треба да инвестираат во темите поврзани со менталното здравје и анксиозноста кај луѓето, и тоа многу повеќе од инвестирањето во отворањето бизниси, кои можеби финансиски им помагаат на луѓето, но ги прават несреќни и депресивни. Заклучокот од истражувањето посочува дека треба да се креира добросостојба, наместо богатство.

Притоа, освен менталното и физичкото здравје, важни се и темите поврзани со семејното насилство, алкохолизмот, депресијата кај младите.