Познато ни е дека витамините и минералите се многу важни за нашето здравје, но поради стресното секојдневие во кое живееме и лошиот избор на храна, ретко посветуваме внимание на тоа да консумираме храна која е богата со витамини. Во прилог прочитајте кои витамини и минерали му се најпотребни на нашето тело и во која храна може да ги најдете во изобилство.

Зошто витамини и минерали?

Без нив не можеме да вршиме ниту една физичка функција, да размислуваме, па дури и да дишеме. Воедно, истражувањата покажуваат дека доволен внес на витамини и минерали служат како превенција за канцер и срцеви заболувања, но играат круцијална улога и при други состојби на нашето здравје. Кои витамини и минерали се најважни.

  • Витамин А

Многу е важен за здравјето на очите и генерално за растот и развојот, вклучувајќи ги и здравите заби и кожата. Најмногу се содржи во морковите, портокалите и слаткиот компир.

  • Витамин Б

Важен е за енергија на оганизмот и имунолошките функции. Се содржи најмногу во непроцесирана храна, продукти од цело зрно, компир, банана, чили пиперки и грав.

  • Витамин Ц

Витаминот Ц игра голема улога за цврстината на крвните садови и ѝ дава еластичност на кожата. Има улога на антиоксидант и го апсорбира железото во организмот. Се содржи во портокалот, црвени и зелени пиперки, киви, грејпфрут и јагоди.

  • Витамин Д

Витаминот Д е многу важен за здравјето и цврстината на коските. Овој витамин може да го косумирате преку храна како што се: јајца, риба и печурки.

  • Витамин Е

Потребен е за добра циркулација на крвта, а може да го консумирате преку храна меѓу која: бадеми или други јаткасти плодови, сончогледови семки и домати.

  • Витамин К

Овој витамин игра голема улога при коагулација на крвта и е од голема важност. Се содржи во спанаќот и брокуклата.

  • Калциум

Калциумот е најважен за здравјето на забите и коските. Калциумот го консумираме преку исхрана со млечни производи како: млеко, јогурт, сирење и кашкавал.

  • Цинк

Цинкот го подобрува имунитетот и позитивно влијае на плодноста. Се содржи во морските плодови, спанаќот, мешункастите плодови и црното чоколадо.

  • Железо

Важно е за природна изградба на мускулите и одржување на здравјето на крвта. Железото во голем процент се содржи во леќата, остриги, месо, соја, семки од тиква, мешунки и спанаќ.