Во текот на месеци мај, пријавени се 5 нови случаи на ХИВ/СИДА. Пријавените лица се од машки пол, а во однос на возраста, 3 лица се од возрасната група од 30-39, и по еден случај е од 20-29 и 40-49 години. Според местото на живеење, пријавените лица се од Македонски Брод, Пробиштип, Куманово, Штип и Скопје. Согласно евиденцијата на пријавените случаи (заклучно со 31.05.2018), кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА за периодот 1987–2018 изнесува 376. Од вкупниот број на регистрирани:

• лица болни од СИДА се 188

• ХИВ позитивни лица се 188

. Од вкупниот број на досега регистрирани случаи:

• 84 лица починале,

• 292 лица живеат со ХИВ/СИДА.

Во групата на сексуално преносливи инфекции, во текот на месец мај, пријавени се само 7 заболени лица со инфекции предизвикани од хламидија.