Матичните лекари се жалат дека во еден ден имале и по 200 прегледи. Најголемиот дел од граѓаните претежно пензионери и лица со хронични заболувања доаѓале на први во месецот за рецепти за терапија плашејќи се дека дека после 10-ти нема да го најдат лекот на рецепт па ќе мора да го платат приватно.

-Од пред неколку месеци кога немаше лекови и се случи пациентите да останат без терапија. Последните 2-3 месеци матичните имаат енормен број на влезови на пациенти пензионери и хроничари. Тоа е неиздржливо. Некни се јави колега од Берово кој во првиот ден од месецот прегледал 200 пациенти. Тоа се такви рушења на рекорди и мислам дека ниеден човечки организам неможе да издржи, поготово ако знаеме дека просекот на матичните лекари е 58 години, и мора нешто да се превземе за вака ен ормниот број на влезови кај матичен, изјави д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ.

И овој месец граѓаните имаат проблем да ја најдат неопходната терапија на товар на фондот. Астматичарите се жалат дека уште на први неможат да најдат спрејови на рецепт бидејќи аптеките ја истрошиле месечната квота.

Дополнителен проблем за хронично болните и повозрасните лица овој период е и топлото време.  На пеколни температури мораат да шетаат од аптека до аптека за да го најдат потребниот лек на рецепт.