Веќе со денови пациентите на гевгелиската болница кои се хоспитализирани добиваат ваков оброк, парче леб и компир варен.

Иако пациентите пробале да реагираат, од болницата им кажале со тоа се располага тоа им е дадено, ако не им се допаѓа нека одат по приватните клиники или на некое друго место ако мислат дека таму ќе добијат повеќе за јадење.

Неодамна беше објавен скандал во штипската болница каде на пациентите им се служат две парчиња леб и помеѓу нив посебна салама од таа поевтината, за што и во овој случај пробале да го исконтактираат министерството и министерот ама скраја да е, не дај боже некој од нив да изреагира или некако да се изјасни во јавноста.

Тоа со молк мудро од нивна страна се премолчува, меѓутоа забораваат на податокот дека народот е тој кој што трпи, што кажува, што збори и што не заборава.

Овој хаос во здравствениот систем на Македонија нема да помине неказнет и народот првата шанса што ќе му се даде ќе ја искористи и ќе му даде јасен одговор и насока во кој правец треба да се движи и колку му вреди во моментот на македонскиот пациент неговиот „грижлив“ и „секогаш за народот“ министер, Венко Филипче!