Мудрите луѓе велат дека здравјето е поважно од било што друго. Ние целосно се согласуваме со оваа изјава. Меѓутоа, понекогаш, колку што се трудиме да одржиме здрав живот, ние си наштетуваме самите на себе, и тоа – без да сме свесни за тоа.

  • Зеленчук на кило

Да, сто пати сме слушнале колку е важно да јадеме зеленчук. Но, сè треба да се прави со мерка. Според Bright Side, ако јадеме премногу овошје и зеленчук долго време, можеме сериозно да го оштетиме нашето тело. Ние треба да земаме само свеж зеленчук и да избегнуваме замрзнат, бидејќи тоа исто така има лошо влијание.

  • Аларм

Алармот е составен дел од нашиот секојдневен живот, бидејќи ако не е тој, воопшто нема да одиме на работа. Многу луѓе, сепак, прават грешка при прилагодување на алармот со многу гласен звук. Да, будењето е загарантирано, но последиците не се пријатни. Кога спиеме, нашето тело е извонредно ранливо и силни ненадејни бучави го зголемуваат нивото на кортизол, што значи само едно нешто – стрес. Лошото доаѓа ако се случува тоа постојано со недели или месеци. Тогаш овој стрес може да стане хроничен.

  • Темјан

Споменавме стрес, а темјанот е негов природен непријател. Многу луѓе горат темјан, кога тие се под стрес и сакаат да се смират. Нема ништо лошо во ова, но мора да има и мерка. Една студија од Универзитетот Јужна Кина откри дека ако ја продолжиме оваа постапка секој ден, во продолжение од неколку часа, ова може да доведе до рак на белите дробови, тумори на мозокот и леукемија. Ова се должи на хемикалии кои се содржат во темјанот. Тие можат да ја променат генетската материја.

  • Енергетски пијалаци

Нив не ги консумираме за да се справиме со стресот, туку да не држат будни, да ни дадат сила (како на една позната реклама) да ги извршуваме нашите задачи и да го поминеме денот без да заспиеме. Не треба да претераме со дневниот внес, како и навиката да се прибегне кон таквите пијалоци. Редовна употреба на енергетски пијалаци го зголемува крвниот притисок и ги прави отчукувањата на срцето нестабилни и променливи.

  • Масти

Постојат многу диети кои имаат за цел да ги исклучат мастите од менито за губење на тежината. Но и тука работите мора да бидат умерени. Мастите играат важна улога во апсорпцијата на витамините од телото, па затоа не треба целосно да ги исклучиме од нашето мени.