Кофеинот не секогаш го има ефектот на будност кај човекот, па така, понекогаш може да испиеме и неколку шолји една по друга. Меѓутоа, новата формула за којашто научници тврдат дека може да ја одреди правата доза кофеин, многу е веројатно дека ќе помогне.

Жак Рајфман, директор на американскиот воен Институт за биотехнологија, во списанието „Џурнал оф Слип Рисрч“ објави и своја статија за новиот алгоритмот со кој се пресметува вистинската доза кофеин и вистинското време за кафе.

  • Овој алгоритам го подобрува ефектот на будност за 64 отсто, а притоа се внесува истата количина кофеин. Но и доколку го намалиме вносот на кофеин до 65 отсто, ефектот повторно ќе биде ист, во најголем број случаи, истакнува Рајфман.

Формулата е сложена, и на некој начин, варира од случај до случај. Но, генералниот заклучок е дека се потребни само две така намалени дози во времето кога сме будни. Едната – скоро веднаш по станувањето од кревет, а другата – неколку часа подоцна.