Претседателот на планинарската федерација  Јовица Угриновски на распит во Јавното обвинителство.

Семејствата на загинатите планинари упатија писмо до медиумите  реагирајќи дека и по два месеци од смртта на  Калина и Александар  институциите  молчат. Обвинуваат  дека планинарската федерација и понатаму издава лиценци за водичи, а Трансверзалец повторно си организира планинарски тури, без никој да утврди дали тоа им е дозволено.

Семејствата се разочарани  од како што велат бавната правда и очекувале Трансверзалците, барем за Велигден, да се сетат да организираат меморијално искачување во спомен на загинатите.