Стопираната изградба на штипската Клиничка болница ја одложи и набавката на новите медицински апарати. Вала барем се правдаат надлежните. Велат, не било до немањето пари, немале каде да ги чуваат.

Намалениот интензитет на градежни работи на новата Клиничка болница во Штип ја кочи набавката на нова софистицирана опрема потребна за дијагностички прегледи. Поради немање на соодветен простор каде би можела да смести опремата, истата не може и да се набави.

Откако минатиот месец на неколку дена беше стопирана изградбата на новиот објект од Министерството за здравство со соопштение информираат, дека сега редовно ја следат динамиката на градежни активности.

  • Континуирано, и во текот на денешниот ден, во контакт сме со изведувачите и подизведувачите во однос на напредокот на градежните работи. Инаку, во моментот има 70-тина работници кои работат на внатрешни специфични градежни активности. Исто така, Министерството за здравство информира дека заедно со својот инжинерски тим во наредниот период ќе продолжи да врши надзор над работата на болницата во Штип, а градежните активности ќе продолжат со зголемен интезитет, се правдааат од ресорното министерство.

Откако роковите за изградба беа пробиени Министерството за здравство на изведувачот грчката фирма “Интеркат“ им даде рок од две недели да покажат напредок во работењето, во спротивно ке бидат приморани да разгледуват неколку опции, меѓу кои и раскинување на договорот.

Според планот првата фаза од изградбата треба да заврши кон крајот на 2018 година. Темелите на овој капитален проект во вредбност од 30 милиони евра беа удрени во март 2016 година.