Изминатиот викенд министерката за труд и социјална политика, Царовска, заедно со министерот за финансии, Тевдовски, на сосема перфиден начин пробаа да го прекршат законот, законските регулативи и правила при именување на директор на Јавна установа, во таа намера целосно и успеаа, со тоа што наместо огласот да го објават најдоцна три месеци пред истекот на мандатот на актуелниот директор во јавната установа, тие тоа го направија во последната недела од мандатот на актуелниот директор.

Во таа недела дена, успеаа да објават оглас, да го назначат директорот како и да го потпише министерот за финансии решението за именување на директорот, пропратено со сите детали околу наименувањето. Со тоа свесно и без никаков проблем и Царовска и Тевдовски како министри кои се задолжени и инволвирани во ваквите процеси го прекршија законот и не ги пратеа законските правила и регулативи при вакви ситуации, со што извршија криминално дејание, кое според законот подлежи на крвична пријава и на санкции.

Во секоја културна земја, каде министрите се совесни и работат во интерес на народот, прво нема да дозволат да им се случи вакво нешто, што е преседан, второ доколку се доведат во ситуација барем да бидат инволвирани на некаков начин истите тие челници ќе си поднесат неотповиклива оставка, како и ќе стојат на располагање на институциите на државата доколку треба за стореното да одговараат или да сносат одредени санкции.

Кај нас наместо овие две министерства и министрите кои ги водат да бидат пример како треба да функционира државата тие се првите кои го прекршуваат законот и за нив истиот не важи, како што кажаа дел од анкетираните моментално се на власт и им се може. До кога ќе трае тоа и ќе им држи вода ваквото размислување и до кога нашите министри ќе сакаат да бидат Нико Тоскани, до кога омилена улога која ќе посакуваат да ја одиграат ќе им биде таа каде што истите тие ќе бидат НАД ЗАКОНОТ!

Анкетата погоре посочена само покажува што граѓаните на Р. Македонија мислат за ваквите ситуации, на кој начин ги гледаат и колку ги осудуваат. Поради тоа топло ви препорачуваме на сите погледнете ја анкетата слушнете го гласот на народот и во ниеден момент немој да заборавите како што сега за ваквите дела одговараат дел од челниците на претходната власт и владеачка гарнитура да знаете дека не сте ни вие НАД ЗАКОНОТ колку тоа и да го посакувате, ќе дојде часот кога и вие ќе бидете повикани и ќе ви следи истото, судење за (НЕ)делата што сте ги направиле – посочија македонските граѓани со кои се сретнавме и поразговаравме.