Во Клиничката болница во Штип пред три дена починало новороденче, а утринава починала и родилка, но нејзиното бебе преживеало, потврдуваат од оваа здравствена установа. Засега нема информации во која гестациска недела било родено бебето. Инаку обдукцијата врз телото на 28-годишната Маја Паневска од Свети Николе треба да ја утврди причината за смртта на родилката. Извештајот од Институтот за судска медицина и патологија се очекува во болницата да го добијат најдоцна до утре. Според неофицијални информации родилката по породувањето имала обилно крварење. Инаку жената починала по 24 часа откако била примена на акушерското одделение во штипската Клиничка болница утринава околу 6 часот и 50 минути, а синоќа околу 21 часот по природен пат на свет донела здраво машко дете.