Kонсумирањето евтино црвено месо, обработено и преполно со разни прехранбени адитиви, директно влијае на очекуваната животна возраст, тврдат научниците од шкотскиот универзитет во Глазгов.

Според британскиот електронски весник The Independent, шкотските социолози од поодамна забележале дека во Глазгов богатите жители живеат, во просек, до 80 години, а истовремено животниот век на сиромашните не надминува 54 години.

Досега конкретната причина за овој феномен не беше позната, но една неодамнешна студија на научниците од Институтот за истражување на ракот при Универзитетот Глазгов успеа да ја одгатне оваа непозната. Се покажало дека главата причина се состои во тоа што послабо финансиски ситуираните граѓани не можат да си дозволат да купуваат квалитетна храна. А поевтините месни преработки, особено им штетат на нивното здравје.

Истражувањето покажало дека бројни додатоци во прехранбените производи кои се користат од страна на производителите на евтини производи од месо, во голема мера ја олеснуваат сварливост на фосфатите, наместо 60 отсто се 100 отсто се сварливи, што ги прави таквите продукти уште попогубни за човековото здравје. Штетата што ја предизвикуваат фосфатите се одразува врз уништувањето на теломерите, завршетоците на хромозомите, кои на организмот му осигуруваат заштита од кардиоваскуларните болести, развој на различни видови канцер и Алцхајмерова болест.

  • Не станува збор за личен избор, сиромашните не можат да избираат, вели професорот Пол Шилс од Универзитетот Глазгов и предупредува дека „последиците од ваката нездрава исхрана се неизбежни и многу сериозни.

Според истражувачите, за да се намали погубниот ефект на евтините преработки од месо врз организмот, во исхраната треба да се вклучат поголеми количества овошје и зеленчук. На луѓето навистина треба да им стане навика да размислат дали да го вклучат месото во секој оброк, порачува професорот Шилс.