Следниот пат кога чистите по дома, фокусирајте се на местата кои се најголемите извори на бактерии. Голем дел од нас несвесно ги игнорираат најпроблематичните делови по дома, додека чистат.

  • Сунѓерот за миење садови е извор на стафилококи

Сунѓерот за миење садови е одгледувачница на бактерии, меѓу кои се салмонела, ешерихија коли и стафилококи. За решавање на овој проблем перете го сунѓерот со многу топла вода. Покрај тоа, секојдневно прскајте го дезинфициенс и менувајте го на секои две недели.

  • Мијалникот

Исто како и сунѓерите за миење, мијалникот е дом на многу бактерии. Поконкретно над 500 000, што е десет пати повеќе од тоалетната чинија. Сите садови, кои се во контакт со месо се полни со потенцијални патогени. Потребно е редовно миење на мијалникот, особено по подготовката на месо. Дезинфицирајте го со раствор од 1/4 чаша белило (варикина) и 1/4 чаша вода. Оставете го растворот да делува 10 минути и измијте го.

  • Четки за заби

Сите бактерии од устата секојдневно ги префрламе и оставаме на четката за заби. Покрај тоа, често ја чуваме четката во близина на тоалетот. Комплетот за миење заби треба да стои во чаша, што повеќе оддалечено од тоалетот. Менувајте ја четката за заби на секои три месеци и секогаш по грип или настинка.

  • Апарати за домаќинство

Далечинскиот управувач и компјутерска тастатура се само едни од уредите кои се одгледувачница на бактериите. Повеќето од нас често јадат додека го менуваат каналот или додека седите пред компјутер, а со тоа оставате масти и бактерии. Сите овие уреди треба да се чистат со дезинфициенс барем еднаш неделно.

  • Килимите

Килимите имаат приближно 200 000 бактерии. Најмногу полни со бактерии се оние во дневната соба, каде што сите поминуваат голем дел од времето. Нанесете специјално средство за дезинфекција за теписи, откако ќе ја исчистите.

  • Крпите во бањата поради влажноста се полни со бактерии

За бактериите се доволни 20 минути во влажна средина, за да почнат да се размножуваат. Би било добро секоја крпа да стои на специјални држачи наместо закачалки, за да се сушат побрзо.

  • Паричникот

Женските чанти се полни со илјадници бактерии поради навиката на жените да ja остават чанта на подот или на други нехигиенски места. Паричникот е уште еден предмет, кој е нападнат од бактериите. Редовно чистење на овие предмети е задолжително.

  • Постелата или куќичката на миленичето

Вашиот миленик носи многу бактерии, кои се собираат во текот на денот насекаде, вклучувајќи ги и на местото за спиење. Перете ја постелата или ѓубрето на животните еднаш неделно и сушете ги на висока температура.