Што ќе се случи ако почнете редовно да пешачите? Сите знаеме дека пешачењето е секогаш добра опција, но дали сте знаеле колку бенефити всушност има за вашето здравје? Според медицинско списание, пешачењето помага во намалување на ризикот од хронични заболувања и се смета за чудо помеѓу докторите.

Она што го прави пешачењето толку добро е всушност директната поврзаност со срцето и зглобовите, па тоа влијае на целокупното здравје.

Токму затоа, треба пешачењето да ви стане дел од секојдневната рутина, независно дали ќе биде како замена за користење превозно средство или ќе одвоите посебно време во денот за пешачење.

Што ќе се промени и како пешачењето ќе влијае на вашето здравје?

  • Со 40 минути (не мора одеднаш) пешачење на ден ќе ви се регулира крвниот притисок.
  • 7 часа пешачење на неделно ниво, го намалува ризикот од рак на дојка по менопауза за 14%.
  • Според истражувањата, 3.000-7.000 изодени чекори дневно може да бидат ефективни за спречување дијабетес тип 2.
  • Витаминот Д е поврзан со кревки коски, скршеници и тешкотии во одење, а ефективен начин да го зголемите нивото на витаминот е со 15-30 минути пешачење на ден, додека има сонце.
  • Креативноста на човекот се зголемува за време на пешачење и кратко по завршувањето со пешачењето.
  • Пешачењето од 30-45 минути на ден го подобрува имунолошкиот систем и го штити од чести настинки.
  • Пешачењето го забавува процесот на стареење и го одржува телото така што не дозволува да биде неактивно и да има проблеми со движење.