Град Скопје доцни со прскање против комарци оти, како што вели градоначалникот Петре Шилегов сеуште го испитувале средството со кое се прскало. Шилегов вели дека сегашното средство било штетно и дека скопјани ќе почекаат уште една недела, кога ќе почне запрашувањето.

Инаку, прскањето против комарци Градот го почнува на почеток на јуни, но годинава тоа ќе се одвива кон крајот на месецов оти уште не е завршен тендерот.

Јавната набавка за прскањето против комарците е почната на 19 февруари, и во овој момент е во завршна фаза, се очекува да помине рокот за жалби и да се склучи договор со субјектите кои треба да го извршат во согласност со програмата, усвоена од Советот на Град Скопје.

  • Поради сомнение дека препаратите со кои се прска се штетни по здравјето на граѓаните, побаравме мислење од соодветна здравствена институција околу средството кое треба да се употреби при прскањето. Во моментов во тек се административните постапки по што ќе се почне со аеросолното и терестичното прскање, велат од кабинетот на градоначалникот Шилегов.