Вработена на скопските клиники била нападната од својот колега, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 14.55 часот во Полициската станица Центар, С.Џ. (33) од Скопје, вработена во Клинички центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“, пријавила дека истиот ден околу 12.00 часот во Клиничкиот центар физички била нападната од лицето П.Р., кој исто така е вработен на клиниката.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. И во овој случај од полицијата не отктиваат детали каде се случил инцидентот ниту дали инволвираните се лекари или друг медицински кадар.