Денешното брзо темпо на 21 век диктира енормен број на обврски, а постоењето работни задачи и после договореното работното време се сосема нормална појава. Погледнете колку и како сето тоа се одразува на Вашето здравје.

Под поимот работно време се подразбира времето во кое работникот работи и целосно ги извршува зададените работни задачи согласно со закон, колективен договор и договорот за вработување.

Сепак , според резултатите од едно истражување, 57.000 испитаници потврдиле дека работат и кога ќе си дојдат дома. Стручњаците велат дека сето тоа може негативно да се одрази на нивното здравје.

Истражувачите од Друштвото за работни, индустриски, организациски и психолошки испитувања заклучиле дека оние коишто работат во доцните часови, во своето приватно време, како и оние коишто работат за време на викенд, страдаат од несоница, главоболка, умор, анксиозност, имаат проблеми со мускулатурата, како и проблем со крвотокот и желудникот.

  • Нашето истражување сугерира дека дури и најмалата количина додатна работа после договореното работно време може да доведе до здравствени проблеми. Оваа врска е исклучително силна, изјавила управителката на истражувачката студија.