Подобрувањето на либидото придонесува за подобро расположение и активен сексуален живот. Тоа може да го направите и преку исхрана која вијае на вашето тело и лачењето на хормонот на среќа.

Семките од тиква се едни од ретките плодови кои содржат цинк, кој е клучен за излачувањето тестостерон. Недостигот од овој хормон може да предизвика комплетно губење на сексуалниот нагон кај жените. Овие вкусни семки се богати и со омега-3 масни киселини, кои се клучни за општото сексуално здравје.

Бананите го засилуваат машкото либидо. Содржат ензим кој се вика бромелаин, кој е важен за сексуалното здравје. Исто така, претставуваат и добар извор на витамините од Б-комплексот, кои го покачуваат нивото на енергија и сексуалните хормони.

Авокадото позитивно влијае и врз машкото и врз женското либидо. Содржи големи количества фолна киселина и му обезбедува сексуална енергија на телото. Авокадото исто така содржи и витамин Б6, кој е моќен регулатор на хормони.

Лукот содржи високи количества алицин, кој може да ја подобри циркулацијата на крвта во гениталиите.