На 46. седница на Собранието на Република Македонија беа донесени измените на Законот за лековите и медицинските средства. Со овој закон е уреден паралелниот увоз на лекови и медицински средства.

Сега, одредена здравствена установа или пак веледрогерија до Агенцијата за лекови и медицински средства прво мора да достави сертификат од анализа на квалитет на лекот од производителот кој ќе биде предмет на паралелен увоз, како и сертификат од анализа на квалитетот на лекот од лабораторија овластена од надлежен орган на земјата производител на лекот или на земјата извозник на лекот.

Граѓаните ќе имаат поголема сигурност и безбедност со пиење на квалитетни лекови. Законот не предизвикува фискални импликации врз Буџетот и ќе се избегне опасноста од фалсификувани лекови.

Така стои во законските измени, меѓутоа, пациентите се уште не веруваат дека тоа нешто ќе промени туку дека измените се наменски направени за одредени веледрогерии да можат да ќарат со увозот на лекови.