Ако пред 10-ти астматичарите не можеа да ги најдат неопходните спрејови на рецепт, на средина од месецот нема ниту антибиотици како и терапија за хронично болни поради потрошени квоти во аптеките. На пациентите им останува на високите температури да шетаат низ градот и да ја бараат неоходната терапија, или да ја купат приватно.

-Седум аптеки поминав и нема, еве уште ќе барам, вели револтирано еден граѓанин.

-Ваму нема, таму нема, тоа е ќе бараме или ќе си чекаме до први. Ај некако до 15, 20 ќе се најде, ама ако на 20ти ви пропишаат рецепт, нема. Лошо е вака, господ напомош, реагираат граѓани.

Со месеци наназад после 15-ти во месецот граѓаните не можат да најдат лекови на рецепт. Квотата е потрошена, дојдете на први е најчестиот одговор што го слушаат во аптеките. Директорот на ФЗОМ не излегува во јавност да каже како ќе го надминат овој проблем, и зошто до пред една година пред тој да седне во директорската фотелја, лекови имаше до 28,29ти во месецот а сега ниту до половина од месецот.

Инаку, и во владината програма е наведено дека ќе направат промени во овој систем за пациентите да не останат без лекови, но тоа е само на хартија не и во пракса. – Владата ќе работи на надминување на состојбата со немање на лекови на рецепт после 15-ти во месецот и зголемена достапност на лекови. Ќе се воспостави систем кој ќе оневозможи злоупотреба на препишаните рецепти и фиктивно трошење на месечните квоти за набавка на лекови, стои во владината програма.