Бубрезите се меѓу најважните органи во телесниот систем, тие ја филтрираат крвта, произведуваат хормони и апсорбираат минерали. Една од нивните најважни улоги е да се однесуваат како заштитници на телото од отрови затоа што ги елиминираат токсините и ги неутрализираат киселините. Овој мал орган дневно прочистува околу 200 литри крв.

Поради се што прават за нашето тело треба да ги чуваме. Но истражувањата покажуваат дека бубрезите секојдневно се на удар на одредени штетни навики кои ги ослабуваат и оштетуваат. Болестите на бубрезите спаѓаат во збирот на т.н. „тивки болести” чии симптоми не се покажуваат на самиот почеток на болеста туку дури кога ситуацијата ќе стане сериозна. Научните истражувања и искуствата на пациентите покажуваат дека бубрезите можат со години да ја извршуваат својата функција со намален капацитет (па дури и да работат само со 20%) без пациентот воопшто да забележи. Затоа превентивата и навременото реагирање се најважни за здравјето на бубрезите. Според мислењето на експертите овие штетни навики можат да ги оштетат вашите бубрези и ако ги практикувате размислете што треба да промените.

Недостаток на вода во организамот

Најважна задача на бубрезите е филтрирање на крвта и елиминирање на токсините од организамот. Во извршување на оваа функција на бубрезите им помагаат течностите, поточно водата. Ако не внесуваме доволно течности бубрезите работат послабо и доаѓа до собирање на токсини во организот што може да дојде до оштетување.

Вишок на сол во исхраната

Златното правило вели дека не треба да се внесуваат повеќе од 5 грама сол дневно. Се што го надминува ова количество може да влијае на оштетување на бубрезите. Кога внесуваме солени продукти бубрезите работат повеќе бидејќи мораат да го излачат натриумот кој се наоѓа во солта. Вишокот на сол влијае и на крвниот притисок, како и на бројни други болести.

Задржување на урина

Често се случува одењето во тоалет да го одложуваме поради тоа што не сакаме да одиме во јавни тоалети или пак имаме обврски. Честото задржување на урина го зголемува притисокот на мочниот меур, а може да доведе и го откажување на бубрезите, појава на камен во бубрег и инконтиненција.

Премногу шеќер

Неодамнешните истражувања покажуваат дека е доволно да се испијат два засладени пијалоци за да се зголеми нивото на протеини во урината. Појавата пак на протеините во урината е еден од првите знаци на потешкотии со бубрезите. Понекогаш внесуваме и до 10 пати повеќе шеќер од препорачаната доза, со што бубрезите се на постојат удар.

Недостаток на витамини и минерали

Недостатокот на витамини и минерали е преуслов за појава на бубрежни болести. Витаминот Б6 и магнезиумот го смалуваат ризикот од добивање камен на бубрег, па затоа во исхраната редовно вклучувајте намирници кои се богати со овие витамини и минерали.

Животински протеини

За здрави бубрези исхраната треба да изобилува со овошје и зеленчук. Секое внесување на протеини, особено од животинско потекло додатно ја оптеретува работата на бубрезите. Со тек на време тоа може да доведе до оштетување и намалување на функциите на бубрезите.

Недостаток на сон

Во текот на спиењето телото го обновува оштетеното ткиво на бубрезите, па затоа редовниот сон е нужен за одржување на здравјето на бубрезите.

Премногу кафе

Како солта така и кафето ги оптеретува бубрезите. Кофеинот може да го зголеми крвниот притисок со што бубрезите се под особен стрес, а со тек на време тоа може да доведе до нивно оштетување. Потрудете се да не пиете повеќе од две шолји кафе дневно.

Лекови против болка

Искуството на пациентите покажува дека користењето на лекови против болка (како што се аспирини, ибопрофени и други слични лекови) може да доведо до нагло оштетување на бубрезите. Обидете се првенствено да бирате природни методи за ублажување на болка и заштитете ги вашите бубрези.

Конзумирање алкохол

Бубрезите нема да страдаат ако испиете една чаша вино, но долгорочната претерана конзумација на алкохол ги оштетува бубрезите. Алкохолот е токсин кој бубрезите мораат да го преработат и исфрлат од организмот. Како диуретик на телото му ја одзема драгоцената вода и така двојно неповолно влијае на работата на бубрезите.