ФЗОМ: Ако осигурениците не се задоволни од одредени аптеки или ординации, нека достават претставка до нас, ќе ја разгледаме!

Во текот на вчерашниот ден екипата на ЗДРАВСТВО.МК, со вас ја сподели веста, Поскапените лекови на терет на граѓаните: Владата лажно ветуваше, ФЗОМ молчи, осигурениците плаќаат!!! Одреден број на граѓани…

Во текот на вчерашниот ден екипата на ЗДРАВСТВО.МК, со вас ја сподели веста, Поскапените лекови на терет на граѓаните: Владата лажно ветуваше, ФЗОМ молчи, осигурениците плаќаат!!!

Одреден број на граѓани ја контактираа нашата редакцијата и посочија дека лековите кои им се хронична терапија се видно поскапени, а истовремено квотата за нив истекува многу рано во месецот, па со рецепт кој има важност од втората половина на месецот истите не можат да ги земат и остануваат без терапија.

Дел од нашите читатели се пожалија и на повисоките цени со кои се соочиле деновиве, за капки и лекови кои ги користат со години. Велат дека цената на дел од нив е поскапена за 100-200% со рецепт.

 

Информации за намалените цени на лекови кои се во сила од 1ви април 2018 година се достапни на веб-страницата на Министерството за здравство, и на линкот даден подоле.

http://zdravstvo.gov.mk/izvestuvanje-za-namaluvanje-na-cenite-na-lekovite/

Достапноста на лекови односно потрошувачката на лекови на рецепт на товар на ФЗОМ преку аптеките е двојно зголемена во однос на 2008 година. Истата зависи од повеќе фактори, како што информиравме и претходно, односно зависи од:

– бројот на аптеки кои се вклучени во Мрежата на здравствени установи и имаат договор со ФЗОМ,

– буџетот на ФЗОМ за лекови кој е двојно поголем сега од оној во 2008 година,

– структурата и потребите на осигурениците,

– видот и бројот на лекови со утврдена референтна цена која претставува максимален износ кој ФЗОМ го надоместува за лекови со ист состав/генерика на лек со одредена форма и јачина,

– нарачките на лекови кои ги вршат самите аптеки директно од веледрогериите со кои тие имаат склучен договор,

– (не)рационалноста во пропишувањето на лекови од страна на лекарите,

– (не)рационалноста во издавањето на лекови на рецепт на товар на ФЗОМ во аптеките,

– навики на пациенти за непотребно складирање на лекови во домашни залихи,

– итн

Сегашниот Референтниот систем за лекови на товар на ФЗОМ им овозможува на осигурениците да прават избор на лек, дали сакаат или не сакаат да доплаќаат одреден износ за одреден лек, кој износ се разликува во зависност од висината на цените дадени од производителите на лековите.

ФЗОМ за околу 75% од лековите по состав /по генерика,форма и јачина, има обезбедени лекови за кои осигурениците не треба да вршат никаква доплата со нивни лични средства, единствено имаат обврска да платат партиципација за лек согласно законските прописи.

Аптеките се задолжени да ги информираат осигуренциите за тоа кои лекови без доплата им се достапни (кои ги обезбедил ФЗОМ за нивен избор и кои се во промет во РМ согласно одобренијата за промет на лекови во РМ издадени од Агенцијата за лекови и медицински средства) и истите да ги нарачуваат/набавуваат за потребите на осигурениците. Лекарите исто така имаат обврска да ги информираат осигурениците кои лекови им се достапни без доплата на товар на ФЗОМ .

Сите информации во врска со лековите без доплата се достапни на веб-страницата на ФЗОМ и на линкот http://www.fzo.org.mk/WBStorage/Files/Copy%20of%20Lekovi%20bez%20doplata-A3%20format-%20so%20generika%2020%2003%202018%20%20%20(2).xls

Апелираме осигурениците на ФЗОМ и самите да бараат детални информации за можностите за остварување на нивните права согласно прописите и можностите и доколу увидат или пак сметаат дека има неправилност или не се задоволни од работењето во одредени аптеки или ординации, да достават претставка до Фондот (подрачната служба или централата на Фондот) за да може Фондот да постапи по истите.

Во тек се активностите за разгледување и дефинирање на дополнителни нови предлог мерки кои ќе допринесат за подобро функционирање во системот во соработка со чинителите во здравствениот систем, се со цел да се овозможи подобра и поквалитетна здравствена заштита за осигурениците со оглед на тоа дека станува збор за поголеми финансиски средства кои Фондот ги плаќа за лекови и треба да биде сигурен во оправданоста за истото.


Related Articles