Треба да знаете дека четири суви смокви обезбедуваат за вашиот организам дури четвртина од дневната препорачана доза железо.

За да постигнете подобар ефект, смоквите јадете ги со компот или свежо цеден сок од портокал бидејќи изобилува со витамин Ц. Всушност витаминот Ц во човечкиот организам ја подобрува апсорбцијата на железо.

Сувите смокви претставуваат и добар извор на минерали. Освен железо смоквите содржат бакар, цинк, селен, манган, калциум и калиум.

Смоквите содржат и есенцијани омега 3 и омега 6 масни киселини, како и фитостерол. Сето тоа се елементи кои влијаат за намалување на нивото на холестерол во крвта.