Денеска (среда) и утре (четврток) иако ќе имаме нешто помирна атмосфера сепак особено во планинските региони но и во оние населени места кој се во близина на планините ќе има локален развој на нестабилност проследена со краткораен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот а не се исклучува можноста и за редок град особено утре (четврток).

Темппературите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени.

Во петок попладне на повеќе места ќе започне да дува засилен ветер со што од север ќе започне спуштање на значително посвежа воздушна маса со што ќе дојде до дестабилизирање на атмосферата и ќе има локален развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а можно е и локално НЕВРЕМЕ.

Од сабота ќе има ЗНАЧИТЕЛЕН ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ и истите ќе бидат значително под просекот за овој дел од годината. Детална анализа околу ова наскоро.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба