Помалку познат факт е дека стапалата се одлични алатки за дијагноза на потенцијални здравствени проблеми. Нема потреба да бидете лекар за да разберете што ви кажуваат стапалата за вашето здравје. Оваа листа на знаци и симптоми на стапалата може да ви помогне навреме да откриете ако нешто не е во ред.

  • Стапала без влакна

Повеќето луѓе имаат по неколку влакна на стапалата, особено на прстите, без разлика на полот. Но, ако забележите дека влакната се намалуваат или дека целосно исчезнале, може да станува збор за проблеми со циркулацијата. Најчесто причината се кардиоваскуларни болести, како артериосклероза која ги стврднува артериите и не му дозволува на срцето правилно да ја пумпа крвта. Кога се случува нешто вакво, на срцето му е приоритет да пумпа крв кон повиталните органи, па екстремитетите, како стапалата имаат помалку крв.

  • Вдлабнати нокти

Коилоничија е болест на ноктите поради која тие стануваат премногу тенки и ја губат нивната конвексност. Можат да станат рамни, па дури и конкавни и да изгледаат како лажица. Ова нарушување почнува да се појавува во средината на нокотот и се проширува кон рабовите. Нарушувањето е поврзано со недостаток на железо, познато како анемија и е една од најчестите нарушувања на крвта кај луѓето. Ако не се третира, анемијата може да предизвика бројни сериозни проблеми како слабост, бледа кожа, плитко дишење, болки во градите, вртоглавица, главоболка и слично.

  • Рани што не зараснуваат

Ако имате рани на стапалата за кои е потребно долго време да се лекуваат, или се постојано таму и изгледаат како егзема, можно е да станува збор за дијабетес. Овие видови рани се наречени дијабетски чирови. Со текот на времето, високото ниво на гликоза во крвта и високото ниво на масти како триглицеридите можат да ги оштетат нервите. Ова го отежнува процесот на лекување рани, особено на стапалата. Дијабетесот разно влијае на чировите па важно е да ги разберете потенцијалните сериозно последици. За жал, за некои луѓе кои страдаат од дијабетес крајниот резултат од чир на стапалото е ампутација. Но и за помалку сериозните чирови потребно е време за заздравување и можат да бидат навистина болни. Ако забележите каква било рана, веднаш посетете го вашиот лекар.

  • Ладни стапала

Иако ладните стапала се честа појава кај многумина, ако ова ви се случува без некоја причина, може да станува збор за проблем со тироидната жлезда. Намалената активност на тироидната жлезда е поврзана со болести на срцето и намалена циркулација на крвта. Причината за ова е тоа што важните хранливи материи коишто се разнесуваат преку крвта не стигнуваат до екстремитетите. Намалената циркулација може да ги направи дланките и стапалата студени и може да се појави и како хронична габична инфекција.

  • Пожолтени нокти

Здебелените и пожолтени нокти се знак за габична инфекција. Лошата хигиена е една од главните причини за инфекција на ноктите на стапалата. Овие инфекции најчесто се предизвикани од чевли што не му дозволуваат на стапалото да „дише“ и предизвикуваат мешање на потта и бактериите. Носењето чорапи што ве потат или одењето боси на нечисти места исто така може да биде причина за габична инфекција. Ако мислите дека станува збор за нешто вакво, посетете го вашиот лекар.

  • Трпнење

Невропатијата е долгорочна компликација која настанува поради дијабетесот и има влијание на нервите. Нервите се одговорни за праќање информации помеѓу телото и мозокот со што се активираат сетилата и можеме да допираме, чувствуваме, гледаме, слушаме и да се движиме. Ако овие нерви се оштетени, можат да предизвикаат проблеми на разни делови од телото. Невропатијата може да биде резултат на високо ниво на гликоза во крвта. Ова ги спречува хранливите материи да стигнат до крвните садови и резултира со исчезнување на нервното влакно. Сензорната невропатија во главно ги напаѓа нервите лоцирани во нозете и стапалата, но понекогаш може да има влијание и на дланките и рацете. Ако сте го изгубиле чувството за болка во стапалата, чувствувате трпнење или не чувствувате температура, консултирајте се со вашиот лекар.

Ако забележите ненадејни болки и деформитет, можеби станува збор за гихт. Ако го имате во нарушување имате повисоко ниво на урична киселина во телото која се таложи околу зглобовите и создава урични кристали. Една од најчестите причини за појава на гихт е дехидратација. Кога телото е дехидрирано, го зголемува производството на урична киселина. Кај здравите луѓе оваа киселина минува низ дробот, па во крвта и се исфрла преку урината или цревата. Кога сте дехидрирани уричната киселина не се отстранува од телото. Ако не се лекува, нарушувањето може да предизвика трајна штета на вашите зглобови.