Владата ги повикува сите граѓански организации во земјава да се вклучат во мониторнигот на јавните набавки со цел да бидат целосно заштитени од можности за злоупотреби.

– Правиме уште еден сериозен чекор во отвореноста и транспарентноста кон граѓаните и сите оние кои имаат интерес да ги следат постапките и процедурите во насока на целосна контрола врз начинот на кој Владата ги троши парите на граѓаните. Во оваа една година од функционирањето концептот „отворена влада“ значи целосно отворање кон граѓаните и политика на максимална транспарентност и отчетност, како и објавување на сите документи, рече министерот за комуникација, отчетност и транспарентност Роберт Поповски на денешната прес-конференција во Владата.

И здруженијата на пациенти ќе можат да имаат целосен увид во тендерите за набавка на лекови.

-. Со увид на ризик-факторите при процес на јавните набавки, ќе се намали и ризикот од судирот на интереси, во насока на спречување на непотизам и блиски релации со компании пријатели. Се прават анализи и за промена во самите тендерски постапки. Се проценуваат потребните количини за набавка на лекови, за да се намали потребата од интервентен увоз на лекови, но се прават и обиди за заштеда од неколку милиони евра со систем на централизирани набавки – изјави Венко Филипче, министер за здравство. Но министерот како да заборави дека токму тој откако седна во министерстката фотелја, постојано се поврзува со ширењето на бизнисот на една веледрогерија како и нејзиното монополско работење во речиси сите скопски клиники. Имаше обвинувања и за монополизација на тендери за лекови, но и реагенси за лабораториски анализи.