И по седум дена, семејството Паневски се уште го чека официјалниот документ во кој се наведени причините за прерарната смрт на 28 годишната родилка од Свети Николе. Семејството е револтирано бидејќи како што велат цела недела живеат во агонија и досега никој од надлежните ги нема контактирано, иако обдукцијата е завршена и причините за смрта им се познати и на лекарите и обвинителството.

Во недостиг на официјални информации засега во јавноста се само шпекулира. Постојат неколку верзии за прерараната смрт на родилката. Како една од причините се наведува дека при породувањето и било заборавено парче од постелката, поради што Паневска искрварила.

Првородката Маја Паневска почина 24 часа откако беше примена на акушерското одделение. На свет по природен пат донесе здраво машко дете тешко 4 килограми, но девет часа подоцна од засега непознати причини почина.