Сте се нашле ли некогаш во ситуација да имате потреба од инвалидска количка додека сте во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“? Сте успеале ли да ја добиете?

Совесна граѓанка направила неколку фотографии на кои се гледа како вработени во една од клиниките, на кои јасно се гледа како со помош на инвалидски колички го фрлаат медицинскиот отпад.

Сето ова можеби и би било во ред меѓутоа истата таа граѓанка триесетина минути пред да ги направи овие фотографии, била одбиена кога побарала да добие инвалидска количка за да може да пренесе пациент, од една на друга клиника во рамки на клиничкиот центар. Од вработените добила кус одговор, дека секоја клиника има свои колички кои не е дозволено да се носат во друга затоа што подоцна не се враќаат.

Алал да му е на министерот успеал и ова да го среди, нема што неможе тој човек! Неможе да задржи медицински персонал, неможе да го среди ѓубрето на клинички, неможе да покачи плати, неможе да го среди хаосот со паркингот на клиника, нема што неможе. „Алал да му е“!!!