На крстосницата од улиците „Димитар Влахов“ и „Бел Камен“ во Кочани вчера околу 11:40 часот дошло до судир помеѓу патничко возило „Опел Инсигнија“ со италијански национални ознаки, управувано од Р.Ф. (47) од с.Елово, општина Студеничани и мотоцикл „Сузуки“ со бугарски национални ознаки управуван од Н.З. (31) од с.Тркање, кочанско.

Во незгодата, возачот на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди кој по укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа Кочани бил префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица Кочани.