Ако немате сила ни да се преслечете кога ќе дојдете дома, треба да внимавате на вашето психичко и физичко здравје

Секојдневното брзање и канцеларискиот начин на живот оставаат трајни последици на нас. Некогаш навистина претеруваме со работата, што е исклучително себично кон нашето тело и здравиот разум. Прочитајте ги следниве показатели кои укажуваат на тоа дека сте изложени на голем стрес и дека мора да го забавите вашето животно темпо…

  • Зголемен умор

Нормално е тоа што вашата работа и обврски ве исцрпуваат, но сè си има свои граници. Ако се чувствувате толку уморно што немате сила ни да се преслечете кога ќе дојдете дома, размислете дали тоа што го правите вреди за вашето психичко и физичко здравје. Одговорот е секогаш негативен.

  • Болки во грбот

Седењето многу често предизвикува болки во долниот дел од грбот, но стресот и нервирањето предизвикува болки и во горниот и во средниот дел. Обидете се да ги опуштите мускулите со длабоко дишење и направете бања со етерични масла за релаксација.