„Без политичко влијание нема работа“; „Обично огласите се прават спрема кандидатот кој претходно веќе е избран“; „Уште пострашно е што младите генерации посојоано размислуваат за партиско вработување“; „Освен врски ќе ми требаат и добра сума на пари“.

Ова се само мал дел изјавите на учесници во истражувањето за Процедурите при вработување во администрацијата на централно и локлано ниво по изборите. Над 80 проценти од вработувањата во институциите пред избори се однесуваат на службеници, по изборите се менуваат директори, покажало истражувањето на Платформата на граѓански организации за борба против корупција поддржано од УСАИД.

Истражувањето е направено во периодот февруари-април 2018 година, поделено на квалитативен дел со пет фокус групи и анкета на терен во вкупно 58 институции, опафетни во 33 општини.

  • Анализата покажала дека постои широко распространети негативен стериотип околу партиските вработувања во администрација, објаснуваат од истражувачката агеницја Брима.
  • Испитаниците изјавиле дека имаат притисоци да гласаат за конкретна партија или пак да одат на протести за да ги задржат своите работни места. Според одговорите зголемена е транспарентноста при вработувањата и постои некаква надеж кај испитаниците дека по промената на власта тоа може да се промени на подобро, вели Кимова.

Истражувањето го виде и заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлески. Според него резултатите се слика на она што се случувало изминатите 12 години, партизација и политизација на државната администрација и констатира деа последниот период има подобрување.

Изминатиот период под критичкото око на јавноста минаа повеке кадровски решенија на новата влада, но и огласи за вработување како оној во МЕПСО, за копирант со плата од 25.000 денари, М-НАВ каде се бараше советник без прецизирани квалификации и искуство за плата од 41 илјада денари или пак за вработувањето на кинезиолог за јавни набавки во Министерството за образование.