Промената на времето од претпладневните до попладневните часови негативно влијае врз здравјето на пациентите, особено врз хронично болните, но и врз работоспособната популација.

Според лекарите, хронично болните се јавуваат поради проблеми со висок крвен притисок и болка во градите. Најчесто помош бараат болни од кардиоваскуларни заболувања и лица кои имале мозочни удари.

Лекарите ги советуваат хронично болните пациенти редовно да ја земаат пропишаната терапија, да не излегуваат на сонце во периодот од 10 до 17 часот, а доколку излегуваат да носат лесна и светла облека и да внесуваат течности. Препораките на лекарите е да се конзумира лесна храна, која се базира на овошје и зеленчук, да се пијат свежо цедени сокови и минимум два литри вода.

На временските промени не е имуна ниту работоспособната популација, велат лекарите. Како превенција препорачуваат доволен внес на течности, здрава исхрана и да не се излегува надвор без шише вода.

Што се однесува до здравата работоспособната популација, најчесто помош бараат поради малаксаност, гадење, пад на крвниот притисок. Ако кога се надвор почуствуваат малаксаност и забележат темнеење пред очите, тресење на мускулите, зуење во ушите треба да седнат под сенка да изедат нешто благо, чоколадо, кока кола.