Која е причината поради која многумина одбиваат да ја користат Вегетата? Далечната 1959, фабриката од Копривница Подравка, исфрли на пазарот еден од најпрепознатливите хрватски производи – Вегета.

Кога експертот Злата Бертл, денес позната како „тета Вегета“, го создаде овој спој од зачини и сушен зеленчук, главно морков, кромид и целер- како додаток за супа, веројатно не ни сонувала дека за помалку од половина век нејзиниот изум ќе биде присутен во речиси секое хрватско домаќинство, и пошироко, на целиот Балкан и во светот.

Имено, освен што истражувањето на агенцијата Ipsos Plus покажа дека Вегетата е најсилен бренд во Хрватска, Подравка овој производ го извезува во дури 40 земји од светот, вклучувајќи ги САД, Канада, Австралија и повеќето европски држави.

Ако прашате некој кој од Хрватска излегол во странство на подолг период, со сигурност ќе ви каже дека најмногу му недостигала токму Вегетата, Цедевитата и Бајадерата. Но, како и во секоја приказна, исто како и паричката, има две страни, па така на втората страна се наоѓаат многумина кои за Вегетата ќе ви кажат само најлошо.

Освен разните зачини и сушениот зеленчук, во Вегетата има голема количина сол- преку 50%, па разни адитиви, односно засилувачи на вкусот.

Адитиви се состојки кои се додаваат во храната за да може таа што подолго да го сочува својот оригинален вкус и мирис.

Многумина тврдат дека во Вегетата има толку многу адитиви, што со само една лажица во јадењето, таа доминира со својот вкус, а другата храна ја губи својата арома.

Иако во вас нема да создаде зависност, во смисла дека ќе немате моќ да престанете да ја јадете, но може да се случи да не можете повеќе да го препознаете оригиналниот вкус на храната кога нема да и додадете Вегета.

Адитивите се бележат со Е-бројчиња, зависно од нивното влијание на човековото здравје. Се делат во три категории: зелени, кои не се опасни за човековото здравје, жолти, кои би требало да се консумираат во помали количини, и црвени, кои би требало да се одбегнуваат.

Најзастапениот адитив во Вегетата е мононатриев глутаминат- засилувач на вкусот и замена за сол- кој во Вегетата можете да го најдете во околу 15%. MSG , како што се нарекува, е адитив Е 621, означен со црвена боја. Неговите нуспојави се движат од мигрена преку влошени симптоми на астма, па се до предизвикување на дебелина, хиперактивност и разни алергии кај децата. Поради тоа, многу мајки ја исфрлија Вегетата од својата кујна.

Доколку сте еден од оние среќници кои имаат можност да си одгледуваат сами зеленчук во својата градина, можете да си направите своја, домашна свежа Вегета. Со малку време и труд, повеќе нема да морате да се грижите за адитивите во храната.

Ако пак немате можност или време за сопствена зеленчукова градина и да направите домашна Вегета, Подравка произведе Vegeta Natur. Таа не ги содржи дополнителните засилувачи на вкус, туку е направена од девет видови зеленчук, одгледани на сонце.