Наглите промени на времето од саат во саат негативно влијаат врз здравјето на луѓето, особено врз хронично болните, но и врз работоспособната популација, алармираат лекарите. Честите промените, велат, довеле до зголемен број на срцеви и мозочни удари и се најопасни за оние со нарушено здравје. Единствен спас се терапијата и редовните контроли.

Како превенција препорачуваат консумирање повеќе течности, здрава храна и да не се излегува надвор без шише вода.

Лекарите ги советуваат хронично болните пациенти редовно да ја земаат пропишаната терапија, да не излегуваат на сонце во периодот од 10 до 17 часот.

Променливото време ќе потрае уште неколку денови, велат синоптичарите. Веќе од утре ќе биде топло, но сепак дождот нема да не поштеди. Од наредната недела до среда – ќе врне околу пладне, а кон крајот на неделата температурата ќе расте.

И додека времето си игра топло ладно, и е несоодветно за овој период од годината, повиците во итната медицинска помош постојано растат.

Во просек, според лекарите имале и по неколку мозочни удари дневно. Советуваат, граѓаните да бидат претпазливи. Ако се почувствуваат истоштено, велат, веднаш да побараат помош. Периодов тоа е случува поради поради наглата промена на температура.