Секако дека сите витамини и минерали се неопходни за нашето тело и здравје, но одредени витамини и минерали се особено корисни во зачувување на кожата и косата, како и за целокупното зачувување на младото тело.

Витамините А, Це и Е и помагаат на кожата да биде поеластична и помагаат при ревитализација на врзувачкото ткиво.

Селенот, витамините Це и Е го забавуваат процесот на стареење.

Сумпор е минералот на убавината и младоста и го забавува процесот на стареење.

Минералите и витамините кои ќе ви помогнат во одржувањето на убавината потполно ќе делуваат само во рамката на здравата и балансирана исхрана.

Витамините А, Е, Б2, Б5 и Де се нарекуваат и витамините на убавината.

Се препорачуваат два овошни коктели и еден коктел од зеленчук, кои се добро избалансирани и кои можат да помогнат во зачувување на убавината.

  1. Коктел од грозје, праски и лешници.
  2. Коктел од ананас, сливи и кајсии.
  3. Коктел од мајчина душица, зелена салата и ротквици.

Доколку сакате да ја зачувувате убавината на лицето и телото, секој ден јадете мед со жалфија или жалфија и полен.

  • Против стареењето на мозочните вијуги

На виталноста на духот и побавното стареење на мозочните вијуги влијае правилната исхрана без маснотии, бело брашно, рафиниран шеќер и што е можно помалку зачини. Секако, некои витамини и минерали се посебно корисни во процесот на зачувување на вашиот ум.

  • Витаминот Е  и магнезиумот ги зацврстуваат нервните клетки.
  • Цинкот го подобрува протокот на нервите импулси.
  • Витаминот Ц ја зацврстува отпорноста на нервните клетки и го смалува холестеролот во крвта.
  • Витамините Б1 и Б6 го подобруваат функционирањето на нервниот систем.
  • Витаминот Д е неопходен за пренос на нервните импулси.
  • Фосфорот е минералот на умот, ги подобрува умствените функции.
  • Калиумот помага за генерална подобра состојба и учествува во преносот на информациите низ нервниот систем.