Сте се обиделе да броите овци, читате книга, но ништо…сонот не ви доаѓа. Тогаш е вистинско време да го пробате чајот од банана и цимет! Бананите се исклучително богати со калиум и магнезиум, кои најмногу ги има во кората! А кората сите ја фрламе, зарем не? Магнезиумот е одговорен за опуштање на грчевите во мускулите, а токму тој минерал прв се троши во организмот кога сте под стрес. Освен тоа, циметот исклучително помага да се регулира нивото на шеќерот во крвта. Потребно е да го сторите следното: Исечете ги двата краја од бананата и ставете ја во зовриена вода, во која претходно сте посолиле малку цимет. Идеално би било кога водата би била филтрирана или купечка. Продолжете да варите уште 10 минути. Почекајте да се излади и испијте го чајот еден час пред спиење. Што се однесува до остатокот од бананата, варената банана можете да ја изедете веќе следниот ден – не се препорачува да имате храна во цревата во текот на ноќта.