Институтот за Микробиологија во изминатиот период работел спротивно од правилата и оттаму се фаворизирале избрани ординации и лекари, не се работело и аршинот не бил ист за сите. Ова го утврдил извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, обвинија од Здружението на матични гинеколози.

Инспекцијата го проверила работењето на Институтот во периодот од октомври лани, до март годинава. Тогаш реагенси имаше само во лабораторијата на Институтот за микробиологија. Не, и во останатите државни микробиолошки лаборатории. Дел од матичните гинеколози брисеви праќаа на анализа во приватни лаборатории поради недостапноста на услугите од Микробиологија, што се одрази по џебот на пациентките.

„Констатирано е дека Институтот работел преку Мој термин. За тоа дали имал дозвола и од кого имал дозвола не знам. Кој донел решение за таква работа не знам. Исто така, констатирано е дека Институтот селективно ги пружал своите услуги на здравствените установи. За некои бил достапен во секое време со неопределен број на услуги кои ги давале. Додека, за останатите бил тешко достапен или недостапен“ кажа Душко Филиповски, претседател на Здружението на матични гинеколози.

Пред четири месеци, Институтот за микробиологија излезе со став дека не постои фаворизирање на ординации и лекари. Закажувањето преку Мој термин оттаму го оправдаа со недостигот на реагенси во другите лаборатории и тешкото воведување на ред за услугите на нивниот Институт.

Повторно излегуваат на површина криминалните и далаверџиски начини на работа на оваа власт, на министерството за здравство, а со тоа и на одредени институции, лаборатории во зависност од тоа кој колку е близок со министерот. Па, од таму и целата епопеа наречена институт за микробиологија, кога во државата ќе загусти и ќе снема реагенси на државно ниво, се разбира ќе има резултати и испитувања само за блиски луѓе и лаборатории блиски до министерот.

„Здравје само за НАШИТЕ“ – парола според која се води министерот Филипче, очигледно, а дозволува и одредени институции да се однесуваат така и го толерира нивното однесување. Не дознавме за некакви санкции, најверојатно нема и да ги има, кога си во таборот со министерот си на „вистинската“ страна и тука нема утка, што и да се направи, се прогледува низ прсти.

Не чинеше кога имаше ред во здравството и кога во вакви ситуации одредени поединци кога ги правеа незаконски работите одговараа, ама вака е сосема во ред, нели г-не министре, вака МОЖЕ! – го изразија незадоволството граѓаните со кои се сретнавме и неофицијално ни го кажаа нивниот став.