Куркумата одамна ја докажа својата лековитост, но малку е познато дека организмот не е во состојба сосема да ги апсорбира хранливите материи со кои изобилува овој зачин. Нутриционистите затоа советуваат да се комбинира со црн бибер со цел нејзината вредност да се искористи во целост. Најдобро е да помешате половина лажичка куркума со една четвртина лажичка бибер, па тогаш два пати на ден, навечер и науро да го испиете со малку вода. Можете заедно да ги додавате во напитоци, салати и други јадења.

Двете активни состојки во овие зачини, куркуминот и пиперинот, ги ублажуваат болките и ги намалуваат воспаленијата, а кога се комбинираат влијаат на зголемувањето на нивото на допамин и серотонин, со што симптомите на депресија изчезнуваат.

Оние кои сакаат да ослабат исто така би требало да комбинираат куркумин и црн бибер, бидејќи првата намирница е многу хранлива и здрава, а другата содржи супстанца пиперин која го забрзува метаболизмот и го подобрува согорувањето на калории.