Покрај многуте непреспани ноќи и обврски кои се јавуваат кога имате дете, родителите имаат уште еден голем страв. Најголемиот предизвик за родителите е да се трудат ништо да не му се случи на детето и да го заштитат на најдобар можен начин.

Секако, не е лесно да препознаете кога нешто е во ред, а кога треба да кревате паника и да одите на лекар. Но, педијатрите советуваат дека треба да следите неколку едноставни правила за да израснете здраво дете:

  • Не препишувајте сами лекарства

Без разлика колку мислите дека сте искусни и знаете за што се работи, никогаш не му давајте на детето лекови кои не ви ги препишал доктори, дури и ако точно знаете на што укажуваат симптомите.

  • Јак имунитет

За детето да израсне здраво, мора да биде отпорно на околните фактори, а за тоа мора да создадете услови:

  • Дојте го детето минимум до 6 месеци
  • Создадете добра домашна атмосфера (температурата на воздухот да не е повеќе од 22˚С, влажноста не помалку од 50% и редовно проветрување)
  • Секојдневна прошетка на воздух
  • Не игнорирајте физичка активност
  • Овозможете му квалитетен сон

Бидете трпеливи

Некои здравствени проблеми кои се појавуваат кај децата додека се помали е можно да исчезнат сами со текот на растењето, како на пример нетолеранција на одредена храна, грчеви, алергија и слично, па треба да бидете трпеливи.

  • Запомнете ги симптомите

Секако, колку и да се грижите и трудите да го одржите здравјето на детето, тоа некогаш може да се разболи и тоа е сосема нормално.

Но, секој родител треба да знае неколку важни симптоми за кои треба веднаш да се консултирате со лекар:

  • Пневмонија – потешкотии со дишењето, промена на боја, треска, надразнетост.
  • Ротавирусна инфекција – губење на апетит, нервоза, температура, повраќање и дијареа, кашлање, течење на нос.
  • Бронхитис – температура, потешкотии при дишење, кашлање, слабост, губење апетит, главоболки и стегање во градите, зголемено потење, менување на бојата на кожа.